T2 Consulting

За нас

Искуство што создава системи.

T2 Consulting ги поврзува деловната стратегија, оперативното искуство и технологијата за да им помогне на здравствените организации да работат поорганизирано, поефикасно и подржливо. Нашиот пристап произлегува од реално искуство во развој и управување со стоматолошки бизниси, надополнето со развој на дигитални решенија.

Тим

Луѓето зад T2

Д-р Томе Тасевски, MBA, PhD

Д-р Томе Тасевски, MBA, PhD

Основач | Стратегија и бизнис консалтинг

Стоматолог, специјалист пародонтолог и претприемач со повеќе од 30 години искуство во стоматолошката индустрија. Основач и долгогодишен менаџер на интегриран стоматолошки бизнис што обединува клиники, лаборатории и дистрибуција. Своето клиничко, академско и менаџерско искуство го насочува кон развој на ефикасни и одржливи деловни решенија во здравството.

LinkedIn
Магдалена Тасевска, MSc

Магдалена Тасевска, MSc

Коосновач | Технологија и дигитални решенија

Инженер за вештачка интелигенција со образование во економија, менаџмент и компјутерски науки. Фокусирана на развој на интелигентни софтверски решенија, дигитализација и оптимизација на деловните процеси. Преку поврзување на технологијата и бизнисот придонесува за создавање современи и практични решенија за здравствениот сектор.

LinkedIn

Искуство и референци

Нашето искуство е нашата најсилна референца.

Повеќе од три децении искуство во стоматолошката индустрија, вклучувајќи развој и управување со интегриран систем од клиники, лаборатории и дистрибуција. EDG и ENDOMAK се професионална референца за знаењето и практичниот пристап врз кои се темели T2 Consulting.